top of page

ЕМПАТИЈА

(облекување на туѓите чевли или гледање со туѓите очи)




ЕМПАТИЈА (Empatheia – чувствување од внатре ) е способност да се ставиме на местото на другиот и да знаеме што тој чувствува или што мисли во одреден миг.Емпатијата ни помага да ги разбереме чувствата на другите луѓе и со тоа да дознаеме зошто се однесуваат на одреден начин.Вештина да се спознае како се чувствуваат другите, да се доживее истото. Ако имате разбирање за другите, ќе ги поттикнете и тие да ве разберат вас.

Секако, притоа треба на страна да ги оставиме предрасудите од претходните искуства со цел во секој момент да ја разбереме личноста која е пред нас,затоа што во тој миг,таа личност само сака да биде слушната и поддржана. За да се постигне тоа, емпатичната личност треба да слуша сосема активно,без да го прекинува соговорникот .

Она што е клучно за емпатијата е:

Препознавање на невербалните знаци

Активно слушање

Јас пораки - отворено и јасно изразување на чувствата.



Јас знам, како се чувствуваш ти!




КАКО ДА БИДЕМЕ ЕМПАТИЧНИ?

Најпрво треба да ги елиминираме предрасудите

Вообичаено е емпатијата да се изгуби кога судиме, дури кога е тоа и несвесно. Запаметете, првиот впечаток за некоја личност, во најголем број случаи е погрешен.

Не брзајте,почитувајте го туѓото време!

Понекогаш сме нестрпливи кога разговараме со некој само затоа што сакаме и ние да се изразиме.Го прекинуваме соговорникот и се обидуваме да предвидиме што сака да ни каже. За да бидете емпатични, треба да имате трпение и да го почитувате времето на другата личност.

Треба да бидеме тивки ,со тоа даваме емпатиски одговор!

Иако со зборови можеме да кажеме колку сочувствуваме со некого,тишината,гестовите и мимиките ,многу повеќе говорат.

Емпатичните луѓе секогаш нудат безусловна поддршка!

Емпатичните луѓе знаат низ што минува другиот,затоа што во даден момент и тие самите го доживеале истото.Затоа секогаш се подготвени за безусловна поддршка кога работите не одат добро.



Емпатијата претставува основа за добри интерперсонални односи.

Бидете емпатични! Сочувствувајте со другите затоа што само така вашиот однос со луѓето ќе биде подлабок и подиректен.

Александра Цветаноска-педагог

СУГС„Владо Тасевски“- Скопје


Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page