top of page

Гледано од агол на училишниот педагог



Има само едно добро – знаењето, и само едно зло – незнаењето.
Сократ

Да се биде добар педагог тоа значи да се биде добар тимски играч, да си вреден, одговорен, ведар, толерантен и комуникативен. Со еден збор училишниот педагог е активен медијатор-учесник и организатор на целокупната работа во училиштето.

Како педагог на училиштето непосредно ја следам воспитно-образовната работа. Реализирам советодавно-консулативна работа со наставници, ученици и родители, аналитичко-истражувачка работа, стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар, ја водам и вршам увид на педагошка евиденција и документација.

Но она што најмногу ме исполнува и дава белег на мојата работа е работата со Вас драги мои ученици! Овде, во училиштето пред се сум поради Вас и за Вас!

Секојдневно Ве учам како да мислите, а не што да мислите.

На сите нас понекогаш ни е потребна подршка и помош .Затоа неуморно работам со учениците за да им помогнам да ги подобрат своите односи и комуникацијата со другите. Со Вас сум во сите оние ситуации кога Ви треба некој совет,одговор на некое прашање или поддршка.

Мојата работа и соработка со Вас тежнее да бидете вклучени како активни субјекти во процесот на стекнување знаења, да се почитуваат Вашите желби, потреби и интереси, се со цел стекнатите знаења да бидат корисни и применливи во секојдневниот живот.Затоа како што рекол Сократ-

Има само едно добро – знаењето, и само едно зло – незнаењето“.

Изработил:

Александра Цветаноска - педагог

Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page