За време на пандемија, дури и Исак Њутн морал да работи од дома. И навистина мудро го искористил тоа време!
Исак Њутн бил само обичен студент кога во 1665 година големата чума се раширила низ Лондон. Луѓето тогаш не знаеле дека чумата ја предизвикуваат бактерии, но дури и тогаш практикувале „социјално дистанцирање“ за да се заштитат од ширење и заразување со оваа болест. Универзитетот „Кембриџ“ ги испратил студентите дома да го продолжат своето учење. Њутн заминал на семејниот имот на 96 km северозападно од Кембриџ. Дури и без професори да го водат низ науката, Њутн прекрасно напредувал. Таа година помината во изолација се смета за негова „година на чуда“.
Прво, продолжил да работи на математичките проблеми што ги започнал во Кембриџ, а трудовите што притоа ги напишал, станале основа за она што денес се нарекува калкулус.Потоа, нашол неколку стаклени призми и почнал да експериментира со нив во неговата спална соба. Дури направил и дупка во ролетните низ која поминувал само тесен сноп светлина. Од тие експерименти произлегле неговите теории од областа на оптиката.А под прозорецот од неговата соба имало јаболкница. Да, токму таа славна јаболкница под која Њутн ги разбрал природните закони што прават предметите да паѓаат и го формулирал законот за гравитација.Од 1665 до 1666 година, во Лондон четвртина од населението починало од чума или како што ја нарекувале – Црната смрт. Во 1667 година Њутн се вратил во Кембриџ, носејќи ги своите теории со него. Во рок од шест месеци, станал асистент на универзитетот, а две години подоцна – професор.Ако работите или учите од дома во текот на следните неколку недели, имајте го предвид примерот на Исак Њутн. Времето за размислување и експериментирање во нестандардни услови и удобноста на домот му го смениле животот на Њутн. Тој станал познат светски научник поставувајќи закони и формулирајќи теории за природата, во своите пижами.
Comments