top of page

МУДРОСТИ ОД ПЕДАГОШКИ АГОЛ

( За родители)

Марија Монтесори била голем педагог и е позната по тоа што формулирала кратки но впечатливи и мудри мисли кои во многу случаи им помогнале на родителите.Ако ги прочитате или слушнете еднаш,постојано ќе се навраќате на нив.



  • Децата учат од она што ги опкружува.

  • Ако често го прекоруваме детето,тоа учи како да ги осудува другите.

  • Ако често го пофалуваме детето,тоа учи како да ги цени другите.

  • Ако покажеме непријателство кон детето,тоа учи да биде агресивно и да се пресметува физички.

  • Ако сте искрени кон детето,тоа ќе научи што значи праведност.

  • Ако го исмејувате детето,тоа ќе стане срамежливо.

  • Ако се чувствува сигурно во средината која го опкружува,детето учи да им верува на луѓето.

  • Ако на детето често му велите „Срам да ти е“тоа ќе сфати дека секогаш треба да се чувствува виновно.

  • Ако често го охрабруваме детето во неговите обиди,тоа ќе има поголема самодоверба.

  • Ако го поддржиме детето ,тоа ќе верува во себе.

  • Ако детето живее и расте во пријателско опкружување,тоа чувствува дека и на другите им е потребно пријателско однесување и ќе научи како да пронајде љубов.

  • Никогаш не зборувајте лошо за детето,ниту пред него ниту во негово отсуство.

  • Концентрирајте се да го развиете доброто кај Вашето дете.Така нема да има место за лошото.

  • Сослушајте го Вашето дете и одговорете му на неговите прашања,молби секогаш кога ќе Ви се обрати

  • Почитувајте го детето и тогаш кога ќе направи грешка.

  • Секогаш однесувајте се убаво кон детето.

  • Покажете му како да стане најдобра личност што може да биде.

Подготвил:Александра Цветаноска-педагог

Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page