КАКО ВРЕМЕТО МИНАТО ДОМА ДА ВИ БИДЕ ПРАВИЛНО ИСКОРИСТЕНО И ИСПОЛНЕТО
ДРАГИ НАШИ УЧЕНИЦИ,
Во услови кога деновите ги минуваме дома, сакам да Ви дадам неколку совети како времето минато дома да ви биде правилно исполнето и искористено. Седењето дома не значи ништо да не се прави. Затоа направете си дневен план на активности во кој најпрво, времето поделете го на :
ВРЕМЕ ЗА РАБОТНИ ОБВРСКИ (УЧЕЊЕ)
Времето кое ќе го одвоите за работни обврски (учење) треба да биде ефективно.
Поставете си цел!
Целта што ќе си ја поставите треба да биде јасно,прецизно и конкретно дефинирана. Целта секогаш треба да биде реална .Таа треба да биде мерлива. За да може да ја реализирате целта, одредете за колку време ќе ја реализирате истата !
Одредете приоритети!
Одберете да го работите она што е навистина важно за да ја постигнете целта.
Работете на остварувањето на целта!
Одредети си конкретни задачи чија изработка ќе придонесе за остварување на целта.
Остварете ја целта!
Она што сте го сработиле/научиле,оценете го!
На крајот,наградете се!
Иако, самото постигнување на целта што сте си ја поставиле е награда,сепак, размислете, со што друго сакате да се наградите себе си. Овие награди се добри затоа што ни се мотивација да започнеме нова задача.
СЛОБОДНО ВРЕМЕ
Ова време искористете го за одмор од работните обврски. Слободното време треба да биде добро организирано, исполнето со интересни содржини кои поттикнуваат креативност,творештво. Правете ги работите кои ги сакате.Читајте,слушајте музика,сликајте итн.
Александра Цветаноска- педагог
Comments